Пред една година на заеднички состанок со директорот на битолската библиотека, м-р Бојан Стефановски, претседателот на македонското друштво „Пелистер“ Марјан Бошевски и Александар Дамев – член на управниот одбор од Трелеборг, Шведска, разговаравме за соработка со нашата Библиотеката.

После една година, во ист состав на ден 06.07.2024 година потпишавме Меморандум за соработка со македонското друштво „Пелистер“ со следниве цели:

  • Взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата
  • Активности поврзани за популаризација на македонскиот јазик кај нашите сограѓани во Шведска
  • Промоција и јакнење на врските помеѓу двете институции
  • Редовна комуникација и размена на информации
  • Организирање на програми за размена на библиотекари со цел размена на идеи и искуства
  • Подобрување на квалитетот на работата преку обука, развивање на вештини и компетентноста на вработените
  • Размена на библиотечни материјали за збогатување на фондовите на двете институции
  • Организирање на изложби и промоции на книги
  • Заедничко учество во меѓународни проекти кои се од интерес за двете страни.

Со потпишувањето на овој Меморандум, поставивме темели за долгорочна соработка која ќе придонесе за збогатување на културната и образовната сцена во двете земји. Веруваме дека ова партнерство ќе отвори многу нови можности за нашите библиотекари, читатели и пошироката јавност и ќе биде пример за успешна меѓународна соработка. Очекуваме со нетрпение да ги видиме плодовите од оваа иницијатива и да продолжиме да ја градиме врската меѓу нашите институции.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook