Информации

Одделот за информации им ги нуди на корисниците следниве информации:

  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Работно време: секој работен ден (понеделник – петок) од 7,00 до 19,30.

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи;
  • Резервација на книги
    • преку телеф. број: 047/232-999
    • преку електронска пошта: rezervacija.knigi@gmail.com
    • Мојот COBISS (Мојата библиотека)
    • преку официјалната Facebook страна на Библиотеката, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
  • Табла за информација
  • нови книги
  • Информации за нови книги на LED мониторот во холот на Библиотеката.
  • Преку информатор

 

Почитувани корисници,

Ве молиме за разбирање доколку податоците од електронскиот каталог не одговараат на фактичката состојба во библиотечниот фонд. Се работи на нивно отстранување.