Следејќи ги иновативните и креативните програми во регионот и светот НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола, стана дел од мрежата на хортикултурни библиотеки на регионот и заедно со други библиотеки од Македонија стана носител на активности во нашата држава.
Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника и подигање на свест за урбано живеење во склад со природата.
Како дел од промоција на Проектот – „Хортикултурни библиотеки“, библиотекарите учествуваа во оплеменување на просторот наменет за корисниците на библиотека, особено во Дневната соба, проект кој наиде на пофалби од граѓаните на Битола.
Библиотекарите од целата држава на 22 мај, Денот на биодиверзитетот ќе учествуваат во презентирањето на содржините значајни за развој на библиотечното работење преку апликативните програми важни за заедницата.
За сите дополнителни информации во врска со средбата обратете се на контакт лица:
Ирена Колевска – 076 766 202
Јелена Петровска – 070 565 630
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook