Одбележете го Светскиот ден на книгата и авторското право со нас!
На 23 април, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошкиот факултет – Битола го обележуваат Светскиот ден на книгата и авторското право, со еден посебен настан!
Програмата на настанот вклучува:
- Обраќање од директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски
- Читање на македонската порака и порака од УНЕСКО од проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и проф. д-р Биљана Цветкова Димов
- Читање на поезија од студентите на Педагошкиот факултет – Битола
Светскиот ден на книгата и авторското право е прекрасна прилика за сите нас да ја прославиме силата на писменоста, креативноста и значењето на книгите во нашите животи.
Датум: 23 април
Време: 11:00 часот
Локација: Просториите на Педагошкиот факултет – Битола
Придружете ни се на 23 април да го обележиме денот заедно!
Добредојдени се сите!