Денес директорот на Националната установа -Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со Здружението на дијабетичари на општина Битола, претставувана од претседателката Душанка Атанасовска.
Библиотеката неколку години соработува на различни заеднички активности со ова здружение. Со потпишување на меморандумот се зацврстува соработката за понатамошна заеднички проекти во повеќе активности, настани и работилници кои се застапени во меморандумот.
Секоја среда Здружението на дијабетичари на општина Битола во соработка со библиотеката реализира активности во дневната соба во кои се реализираат дискусии на извадоци од книга, како дел од активноста „Смирен – спасен“ која има за цел да отвори многу теми од секојдневното живеење, кои претставуваат секојдневна борба. Преку овие дискусии сакаме да постигнеме поголема свесност за нашето здравје преку активноста која придонесува да сме смирени.
Книгите се нашите најдобри пријатели.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook