На 6 март 2024 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа настан на кој беа доделени наградите за кус расказ кои оваа година беа на тема „И цвеќе и шлаканица “.

Оваа година комисијата во состав: Илче Стојановски – „НУУБ,, Св. Климент Охридски“ – Битола, Маргарита Кочанковска Папачек дип. Професор по Македонски јазик и книжевност и Светлана Папачек од Организација на жени од Битола едногласно ги награди следните учесници поделени во две категории:

Категорија ученици

3 награда – шифра 1202007 – Нина Велиновска – Ресен

2 награда – шифра желба – Сања Костадиновска – Битола

1 награда – шифра ученик 20122007 – Миа Диневска – Битола

Категорија возрасни

3 награда – шифра ветер – Наташа Брезовска – Богоевска – Велес

2 награда – шифра 135/96 – Емилија Карафилоска – Охрид

1 награда – шифра бистра вода – Весна Апостоловски – Битола

Им честитаме на сите наградени.

Во склоп на настанот беше поставена изложба на слики на Тања Илиева во техника акрил на платно и на камен.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook