Живееме во време кога начинот на живот се повеќе се одразува на нашето здравје и тоа за жал во многу случаеви на негативен начин.
Што да промениме, каде грешиме и на уште многу други прашања на 1. Март во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола одговор на присутните им даде др. Даниел Јовановски – специјализант по кардиологија.
Овие активности одлучивме да ги реализираме во мали групи, се со цел да може докторот да одговори на сите поставени прашања.
Со оваа активност продолжуваме еднаш во месецот (секој последен петок во месецот) во мирна атмосфера, опкружени со книги. Да го подобриме начинот на живот преку многу убави практични совети и препораки!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook