Заследи ме – Јордан Коцевски

Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина, главниот лик, позната инфлуенсерка, ќе се најде во ситуација во која ќе мора да ги преиспита своите вредности и вредностите што ги пропагира на нејзиниот Инстаграм профил. Низ процесот, таа освестува елементи на „сајбер булинг“, на семејно насилство, па и на лицемерие, што една ваква активност ги поттикнува. Со тоа, Коцевски суптилно зборува за одговорноста на инфлуенсерот, но и за тоа колку за инфлуенсерството може да се зборува како за вистинска професија. Ненаметлива и со доза хумор, „Заследи ме“ го продолжува трендот на Коцевски, кој со романот „Тегли“ веќе ја најави неговата поетика на трилерот. Со леснотија, тој успева да фрли светлина на не толку пријатни нешта. На површина излегуваат многу прашања врзани со интригата, со лицемерието, и со сите лажни облици на денешното живеење, а Коцевски успева вешто да ги разобличи…

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

01/03/2024