Во посета на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беше амбасадорот на Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик во рамки на проектот „Полска полица – книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“.
Амбасадорот Гжелчик придружуван од сопругата Јоланта Гжелчик беше пречекан од директорот м-р Бојан Стефановски, м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам Аземовска.
Целта на посетата беше донацијата над 50 наслови како од класичната, така и од современата литература преведени на македонски јазик со дела од полски автори.
На средбата се разговараше за реализирање на низа активности, кои ќе следат во наредниот период. На 27 февруари неколку библиотекари ќе учествуваат на семинарот за полска литература во Скопје на кој ќе бидат разгледани и други прашања од суштинско значење за библиотеките меѓу кои и оние поврзани со промоција и маркетинг во библиотеките.
Во знак на почит м-р Стефановски на амбасадорот Гжелчик му врачи Благодарница и подарок со рачна изработка од здружението македонски ракотворби – Битола.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook