НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува 20 ноември – Светскиот ден на детето со низа активности кои ќе се реализираат во текот на неделата.
Денес нашата библиотека ja посетија учениците од второ одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола со наставничките Билјана Костадиновска, Наташа Стојановска и Лилјана Стојковска.
Светскиот ден на детето, има за цел да го сврти вниманието на широката јавност за сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата. Потребата од заштита на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високоранлива општествена група која лесно може да биде изложена на злоупотреба, насилство и експлоатација.
Токму на оваа тема учениците од библиотекарите слушна една прекрасна приказна од сликовницата „Денес ти нема да играш“ која имаше да цел да ја поткрене свеста против врсничкото насилство од најмала возраст. Да изградиме пријатна училишна атмосфера во која децата ќе бидат среќни, ќе учат и ќе другаруваат.
Не смееме да заборавиме дека вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да живеат во демократски хумано општество, да се воспитуваат и да учат, со цел да се надоградуваат и добро да се подготват за предизвиците во животот.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook