На огромно задоволство на битолчани во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се реализира еднодневен семинар за „Учење низ игра“ кој го водеше почитуваниот гостин од Србија, д-р Ранко Рајовиќ, кој е автор на NTC програмата, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, доктор на спортски науки, претседател на комитетот на Менса за надарени деца ва светот. Тој користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот.

Семинарот е наменет за родители, учители, едукатори, лекари и сите што се вклучени во детскиот раст и развој. На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието.

Примарната улога на програмата NTC е да користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Програмата за учење NTC е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот во периодот кога тоа е најважно, во периодот на најинтензивен раст и развој, од раѓање до приближно десет години. Играта како внатрешна мотивација на детето е клучен фактор во програмата NTC.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook