Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, поставена е изложба на книги по повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на нашиот град Битола.

Утрото на 4 ноември во 1944 година партизанските единици од 49. дивизија на народно ослободителната војска и македонските партизански одреди победоносно влегле во Битола, носејќи ја веста за слободата.

За жал во оваа национално ослободителната војна 266 борци од Битола и битолско ги положија своите животи.

Вечна им слава !

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook