Во прекрасна работна атмосфера учениците од второ одделение од ООУ „ Св. Климент Охридски“ денес реализираа работилница во нашата библиотека. Од нивните наставнички Гордана Анастасова, Даниела Петковска и Виолета Стевановска ја слушнаа приказната за „Бувот што се плашеше од темницата“, а потоа низ разговор тие научија дека не треба да се плашиме од темницата и со моќни пораки ни покажаа дека темницата е убава и на посебен начин ги прави работите убави.
Со помош на креативните техники денес си одиме побогати со знаење.
Библиотеката продолжува со активности по повод Месецот на книгата.
До следното другарување!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook