НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во месецот на книгата – месец Октомври, има предвидено да реализира низа активности посветени на книгата.

На денешната работилница учество зедоа учениците од трето одделение при ООУ „Климент Охридски“ кои под менторство на своите наставнички ни изработија прекрасни корици на книги.

Учениците уживаа во посетата. Во оваа прилика тие имаа можност да ѕирнат во секој дел од нашата библиотека и да видат колку е таа волшебна. Таа е место каде секој може да биде креативен и да другарува опкружен со книги. Тоа денес го докажавме.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook