Во библиотеката денес се реализира дискусија на тема „Забранети книги низ историјата“. Учениците од втора година од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, под менторство на професорката Симона Петровска имаа можност да дискутираат за книгите кои се дел од изложбата која е поставена во холот на библиотеката.

Овие книгите низ текот на историјата од различни причините (политички, верски, национални и сл.) биле забравувани, а некои дури и уништувани, палени или кладени. Зошто е тоа правено и кои се факторите кои низ историјата успеале да наметнат забрана на книгите се дускутираше на овој настан.

Учениците кои се и наши членови ја искористија можноста да научат дека и многу книги кои тие ги сретнале во текот на нивното образование се книги кои се на листата на забранети книги.

Повеќе фотографии на следниот линк: Nuub Facebook