Денес библиотеката ја посетија учениците од втора година графичка струка, профил графички техничар и графички уредник – дизајнер, под менторство на одговорниот наставник Весна Мундишевска-Велјановска

Посетата на библиотеката е во рамки на наставата по графичките стручни предмети која учениците ја изучуваат во оваа учебна година. Денес учениците можеа да се запознаат со одделите на библиотеката, музејската поставка во која учениците имаа можност да ги видат машините кои биле користени во минатото за печатење, периодиката и дробниот печат, читалните и дневната соба.

Овие ученици како идни графичари можат многу да придонесат во светот на книгите, периодиката и дробниот печат.

Во иднина планирани се работилници во кои овие ученици ќе можат да бидат креативни и да го покажат своето знаење.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook