Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа предавање на тема „Современата терапија за дијабетесот и начини на регулирање на гликемиите” од страна на првиот ендокринолог и дијабетолог во нашата држава проф. д-р Милчо Богоев. Тој пред присутните гости започна со зборовите дека оваа болест еднаш се добива, но за жал е болест која не може да се излечи туку секој еден мора да се научи, да се живее со оваа подмолна болест која не ги одминува ни најмалите.
Настанот е организиран од Здружението на дијабетичари на општина Битола со кои нашата библиотека има одлична соработка. Пациентите кои се дел од ова здружение имаа можност одблиску да се запознаат со професорот и да си ги разјаснат некои прашања за нивната дијабетична состојба.
Посебна чест направија ученичките од ООУ „Даме Груев”, кои организирани од нивниот професор Христијан Талевски изведоа музички нумери со кои ја облагородија атмосферата.
Настанот заврши со поставување на седум апарати за континуирано мерење на шеќер, кои беа донација од ФОД НОВАЦИ а истите беа поставени на лица со тип 1 дијабетес над 18 години кои се пријавија преку инсулинската аптека во Здравствениот дом Битола.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook