Денес библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски оствари работна средба со претседателката на Здружението на дијабетичари од Битола, Душанка Атанасовска. На средбата се разговараше за заеднички настани, со кои се предвидени активности, како промовирање на творењето на проза и поезија од членовите на ова здружение и сите оние кои сакаат да творат на тема со која ќе придонесат нивниот глас да биде слушнат за тоа како тие се справуваат со тешките премрежја кои ги имаат додека се борат со болеста.
Терапијата со творење помага на многу да го искажат она што го доживеале, да раскажат вистински приказни од нивниот живот кој е секојдневна борба, а секој миг е едно животно искуство, а со тоа да помогнат на други.
Во оваа пригода Душанка Атанасовска ни ја поклони и книгата „Дијабетесот, депресивноста и важноста на психолошката поддршка“ од Биљана Солунчевска.
Денес сакаме да споделиме една случка со среќен крај, која ни кажува колку треба да сме внимателни…
Една вистинска случка; од Александар
Еве една моја случка од неколкуте која ми остави големо сеќавање. Случка која од тој момент секојдневно сеќавајќи се на неа, ми помогна со голема мера да внимавам и раководам во секојдневието со дијабетесот. Како и секој почетник со дијабетес, не познавањето на состојбата доведува до поголеми грешки кои некои од нив за жал можат да донесат страшни последици. Така и јас активен младич кој сеуште ги немав стекнато навиките за раководење со дијабетесот тргнав на една летна прошетка со девојката и како по навика не понесувајќи ранец со неопходни работи како сендвич, вода, сок. Пешачејќи така во еден момент почуствував вртоглавица, омалаксаност и обилна ладна пот што за момент се најдов легнат на тревата. Девојка ми веднаш ме погледна и почна да ме прашува што ми е трчајќи на околу барајќи помош. Кога во еден момент од патот дотрча еден човек кој случајно си пешачел по ридот. Ме погледна и почна да ме прашува зборови кој поради состојбата тешко и ги разбирав. По голема среќа самиот тој човек бил пензиониран доктор кој исто така бил со дијабет па со него си носел чоколадо. Додека се трудеше да го изедам го извади мобилниот и повика брза помош. Благодарение на брзата реакција на брзата помош и нивната пожртвуваност да дојдат до непристапното место каде што лежев, за кратко време пристигнаа на ридот по што ми пружија прва помош, да потоа бидам пренесен до мојот дом.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook
Објавено од: Слободан Пачовски
9 Jun, 2023