Убава. Храбра. Опасна.
Жена со повеќе имиња. Единствена која знае да кодира пораки и станува најмоќниот лидер во францускиот отпор. Поради нејзината ненадминлива способност, Гестапо нуди пет милиони франци на тој што ќе му ја доведе. Со тоа таа влегува во историјата како легенда.
Во 1936 година, Ненси е смела австралиска иселеничка која живее во Париз. Таа со нејзината снаодливост и блеф-фора наоѓа работа како новинарка. На еден невообичаен состанок, каде што е инфилтрирана како шпион, го запознава богатиот француски индустријалец Анри Фиока. По само неколку средби, набрзо го скротува најголемиот шармер и заводник на жени, Анри и тој ѝ нуди брак. Ненси станува госпоѓа Фиока.
Истата година, Германците ја напаѓаат Франција. Ненси е најдобро обучена шпионка која работи за интересите на државата и слободата на народот. Дадени ѝ се повеќе внимателно конструирани кодни имиња за да може непречено да поминува низ контролните пунктови и преку границите. Најстрогите државни тајни таа ги складира во наборот на нејзиниот ум и се впушта во монструозна војна која носи тага и загуба на животи и ја скаменува човечката душа.
Таа шверцува луѓе и документи преку граница. За нејзината извонредна способност добива прекар од Гестапо „Белиот глушец“ и станува најбараната жена. За нејзината глава се нудат дури пет милиони франци… Тогаш Ненси е принудена да избега од Франција и да го остави Анри. Таа оди на дополнителна физичка и психолошка обука кај извршните директори за специјални операции во Британија и го добива кодното име „Хелен“. Со мисија во рацете е испратена назад во Франција како смртоносната Гоѓа Андре и станува најмоќниот лидер препознатлив по црвениот кармин и жестоката борбеност. Но, никој нема да може да ја заштити Ненси ако непријателот дознае дека четирите имиња што ги користи се една иста жена. И колку Франција е поблизу до ослободувањето, толку таа и луѓето што ги сака стануваат сè поизложени.