Ли Спенсер, млада учителка и самохрана мајка на десетгодишниот Били, е во непријатна ситуација поради враќањето на Клеј Вартон во Сисајд, Њу Џерси. Тој е татко на момчето, но не го знае тоа, а Ли не знае како да се справи со новонастанатата ситуација. Клеј доаѓа дома за да ја чека смртта на својот брат близнак болен од СИДА.
Заканите за животот на Били ја зголемуваат тензијата, додека Ли се бори со тешки и нежни чувства кон својата стара љубов. Клеј се бори целиот живот да се справи со изборот на својот брат хомосексуалец, но сега уште повеќе сака да се помири со него зашто знае дека наскоро ќе го напушти. Но како да го постигне тоа?
Емотивна приказна што ќе го држи вашето внимание до крај. Дали Клеј ќе дознае дека е татко на детето што секако му го освои срцето? Кој ѝ се заканува на Ли со животот на малиот Били? Како Клеј да се справи со својот брат и да му прости?