На овогодинешното, прво самостојно и официјално учество на Македонија на меѓународниот саем на книга во Лајпциг присуствуваше и нашиот автор Живко Грозданоски (1986), кој во текот на овие неколку дена оствари средби со други автори од Македонија и од регионот. Освен тоа, тој ги посети штандовите на другите земји членки во мрежата на Традуки и со претставниците од институциите што ги промовираат домашните авторите надвор од нивните земји разговараше за различните иницијативи со кои странските институции ја поттикнуваат не само промоцијата на авторите, туку и читателските навики кај јавноста. Најпосле, освен саемските настани што се одржаа на штандот на Традуки (наречен „кафана“) и во културниот центар УТ Коневиц, Живко посети и други знаменитости и културни настани во градот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook