НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа 2 април – Светскиот ден на литературата за деца, заедно со учениците од ООУ „Александар Турунџев“- Кукуречани.
На 2 април е роден светски познатиот дански книжевник и писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен. Тој е автор на голем број бајките. Најпознати негови бајки се: „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малата сирена“, „Снежната кралица“, „Принцезата на зрно грашок“, „Девојчето со кибритчињата“,„Палешка“ и други. Сите тие во себе носат универзални пораки, што се раскажуваат и се паметат со генерации. Неговите приказни се читливи, разбирливи и со децении наназад лесно ги пленат децата, но и возрасните.
По тој повод на учениците им ја прочитавме бајката „Принцезата на зрно грашок“ од Ханс Кристијан Андерсен, а потоа сите заедно фантазиравме и цртавме впечатоци од бајката.
Голема благодарност до директорот на ООУ „Александар Турунџев“- Кукуречани, Никола Јовески и наставничките Надица Петковска со учениците од трето одделение, Даниела Цветковска со учениците од четврто одделение и Татјана Марковска со учениците од петто одделение кои ни го разубавија денешниот ден.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook