Минатата недела се одржа работна средба во рамки на рамки на проектот „SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“ во Плауен, Германија.
На состанокот се дискутираше за Европската книга за ромска бајка со вкупно 40 ромски бајки од 8 земји партнери, секоја секоја на националниот јазик и најчесто зборуваниот ромски дијалект , за карактеристиките на книгата: формат/големина/ корица, наслов, големина на фонт, број на страници, број на илустрации, прелиминарни забелешки/предговори, издавачка куќа.
Исто така се разговараше за избор на бајки за кои е потребна илустрација за тестирање кои ќе треба да ги направат сите партнери, како и за Монографија за ромските бајки што го опишува нивното потекло, традиција и значење за културното наследство на Ромите и за европското културно наследство .
Проектот цели кон следново:
– Ќе бидат изразени имагинациите, идентитетот и сеќавањето на ромските заедници, како и нивните навики, вредности и традиции
– Ќе се промовира писменоста на Ромите (читатели и слушатели)
– Децата на Ромите ќе најдат подобар пристап до својот мајчин јазик и полесно ќе го учат
– Ќе се поттикне желбата за читање и литература
– Ќе се посредуваат приоди за решавање на проблемите и вредностите од поглед на ромските заедници
– Ќе се подобрат когнитивните, лингвистичките и креативните вештини за пишување
– Ќе се најдат одговори на прашањата за потеклото, пренесувањето и зачувувањето на ромските бајки и нивното значење за културниот идентитет на Ромите.
– Ќе се промовира научниот дискурс во врска со историскиот развој, класификацијата и стандардизацијата на ромскиот јазик
– Ќе се оживее традицијата на раскажување
– Мнозинството ќе се запознае со ромските бајки како релевантен дел од нивната култура, но и како дел од европското културно наследство.
– Ќе се намалат предрасудите и стереотипите.
Ова ќе придонесе за зачувување на ромскиот јазик како релевантен дел од културниот идентитет на Ромите, за негово искористување за конкретни понуди за доживотно учење, особено во образованието на возрасните, и за промовирање на вклученоста на Ромите.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола е дел од проектот Sasas Jekhvar Jekh. Once upon a time – and now. Sasas Jekhvar Jekh е Еразмус проект. Земјите партнери се Германија, Бугарија, Унгарија, Србија, Романија и Грција.