Како дел од активностите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, за развој на библиотечната мрежа со вклучување на факултетските библиотеки во системот COBISS.MK, во соработка со Универзитетот Св.Климент Охридски“ – Битола, организирана е презентација за можности кои ги нуди програмата за подигање на квалитетот и ефикасноста на учење во рамките на Универзитетот.

Со користење на различни сегменти кои што ги нуди програмата, професорите и студентите на УКЛО ќе имаат повеќекратна корист во професионалната работа, работа со цитирана литература, ажурирање на персонални библиографии, реализирани проекти и тн.пристап кон библиотечната граѓа.

Предавањето е организирано во соработка на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, УКЛО – Битола и НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Центарот ВБМ од Скопје со предавачите библиотекари советници Жаклина Ѓалевска и Јелисавета Костадинова, во присуство на Ректорската Управа и деканите на единиците, факултетите на УКЛО.

Ректорат УКЛО , Битола, 3.3.2023 год.

М-р Јелена Петровска, библиотекар советник

Програмски раководител