На 27.02.2023 година ги посетивме учениците од прво одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола. Заедно со нив другарувавме со една прекрасна сликовница „Коалата што не можеше да заспие“ од Зејнеп Севде.

Сонот е многу важен доколку сакаме наредниот ден да можеме да сме мотивирани за извршување на нашите дневни обврски. Често ни се случува на сите да не можеме да заспиеме. Сонот како да не сака да ни дојди. Токму тоа се случува и со ликовите од нашата сликовница. Низ интересна дискусија сите заедно го најдовме најинтересното решение, како може најлесно и најбрзо да се заспие.

За сите љубопитни, нема да ја откриеме тајната, туку ќе оставиме простор да дојдете да ја позајмите и сами да ја откриете тајната.

Благодарност до директорката Жанета Тошеска и наставничките Лидија Поповска и Катерина Шеровска Томовски.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook