Опасности кои демнат на социјалните мрежи и дезинформациите кои се шират

Колку ги препознаваме?

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се реализира работилница на која учество зедоа 45 ученици од основните училишта ООУ „Гоце Делчев“ – Битола и ООУ„ Св. Кирил и Методиј“ – Битола. Работилницата на тема „Опасности кои демнат на социјалните мрежи и дезинформациите кои се шират. Колку ги препознаваме?“ ја водеа психологот Жанета Ристевска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола и библиотекарки м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковски. Во работилницата се вклучија и директорките на двете основни училишта Жанета Тошеска и Наташа Ставревска, прихологот Елена Милошевска и педагогот Елизабета Шалевска од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола.

Учениците на работилница се запознаат со опасностите кои демнат на социјалните мрежи, како можат истите да ги препознаат и како можат да ги препознаат дезинформациите кои се пласираат на социјалните мрежи. Во вториот дел од работилницата учениците во мешани групи од двете основни училишта имаа можност да работат во групи, да разговараат и да презентираат пред своите врсници што тие мислат на зададените теми :

1. Книга во раце или да читаме од телефон?

2. Сајбер насилство- јавна соба, опасни игри

3. Позитивни страни од користење социјални мрежи наспроти негативни страни од користење на социјалните мрежи

4. Влијанието на јутуберите, тиктокери, гејмери и колку ги идеализираме и сакаме да сме како нив и зошто

5. Замена на реалниот социјален свет со виртуелниот свет – само изолација и самоуништување

6. Зависност од компјутерските игри .

Ова се проблеми со кои сме засегнати сите. Целта на работилницата беше да ја подигнеме свеста кај младите за опасности кои демнат на социјалните мрежи и дезинформациите кои се шират секојдневно кои можат да им го загрозат животот на нашите најмили. Од одговорите на учениците можевме да видиме дека тие сакаат да разговараат на овие теми и дека се свесни дека нивните животи можат да се во опасност доколку не внимаваат.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook