„Книгата е подарок кој можеш да го отвораш одново и одново“

Учениците од прво до петто одделение од македонските и албанските паралелки од ООУ„Гоце Делчев“ – Битола, заедно со своите наставнички Ана Каранфиловска, Розита Радевска, Билјана Танковска, Афрдита Амедовска, Јасмина Наумовска, Нурџан Тефику, Светлана Кочовска, Валентина Босилковска, Виолета Паревска,Фатмире Махмуди, Кристина Бозајковска, Марина Шалваровска, Марија Ташковска, Татјана Дранговска, Даниела Јончевска, Теута Бајрам Мухарем ја посетија нашата библиотека.

По повод претстојниот празник и патрон на нашата библиотека „Cв. Климент Охридски“, учениците не изненадија со прекрасен подарок кој сами го изработија со своите вредни рачиња. Прекрасни песни, цртежи, есеи и што уште не ја красеа прекрасната книга која тие ни ја подарија.

Ви благодариме!!!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook