Почитувани,

Ви благодариме за големиот интерес по повод литературниот и ликовен конкурс на тема „Буквите наши за мисли неискажани“.

Наградени ученици на ликовниот конкурс се следниве ученици;

Ана Настовска, прва награда за ученици од 1 до 5 одделение

– Дамјан Димитријовски, втора награда за ученици од 1 до 5 одделение

– Елена и Љубица Танатарец, трета награда за ученици од 1 до 5 одделение

Награди за ученици од 6 до 9 одделение се;

– Филип Макаријоски, прва награда

– Теодора Огенова, втора награда

– Нина Троковска, трета награда.

Им честитаме на сите ученици.

Честитки до сите ученици што ни испратија цртежи и литературни творби. Им благодариме за соработката, интересот и мотивот сите да бидат дел од нашите активности со цел поголема популаризација на читањето на книги и посета на нашата библиотека.

Наградените ученици и сите останати ги покануваме на настанот по повод Патрониот празник на Библиотеката да ги подигнат наградите на ден 05.12.2022 година, со почеток во 12 часот во салата на 2 спрат на Библиотеката.

Воедно сите учесници што се пријавија на конкурсот ќе добијат благодарници за учество.

Учениците што конкурираа на литературниот конкурс ќе Ве замолиме за трпение до среда, пристигнати се голем број на творби.