ДЕНОВИ НА COBISS ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола

Универзитетската библиотека како дел од активностите за промовирање на библиотечното работење, институционалното  зајакнување на капацитетите и можностите на факултетските библиотеки во интегрираниот Универзитет, организираше стручна средба со презентации за работа во библиотечната програма COBISS, од ИЗУМ (Институт за информациски науки) Словенија.

На средбата беа присутни директор на ИЗУМ  др. Алеш Бошњак со колегите Бранко Курњек и  м-р Давар Брачко.  Мрежата на библиотеките од регионот на повеќе држави претставуваше директор на Национална и Универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина од Сарајево, воедно и претседател на COBISS.NET др. Исмет Овчина, а присутни беа и  директорот на Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје Рахметула Куќи со колегите.

Од страна на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во Собирот учествуваа Претседател на Универзитетски Сенат проф.др. Пеце Николовски и Проректор за студентски работи проф. др. Јасмина Буневска-Талевска, која што ги поздрави присутните од името на Ректорот и ја подржа иницијативата за имплементација на факултетските библиотеки во системот на високото образование. На Собирот беа присутни претставници на единици на УКЛО, библиотекари и професори.

Презентирани беа темите од развојот на COBISS во Македонија и  најновите решенија во библиотечното работење од COBISS, како што се набавка на библиотечниот материјал, взаемна каталогизација со нормативната контрола и воспоставување на базата CONOR.MK,E-CRIS.MK, Тезаурус и неговата примена, можности на сегментот  COBISS/Позајмица, dCOBISS и Unpaywall, решенија за електронски попис на основни средств, решенија за автоматизација на библиотеките базирани на RFID  и COBISS ILS итеграција од Сенсор Скопје.

Програмски раководител и член на Универзитетскиот Сенат м-р Јелена Петровска зборувајќи на тема  „COBISS искуства – факултетските библиотеки во системот“ се осврна на активностите кои Универзитетската библиотека ги презема за конечно воспоставување на COBISS мрежа на факултетските библиотеки на УКЛО, преку набавка на соодветна техничка опрема и обука на лиценцирани библиотекари за работа. На овој начин ќе се воспостави единствен систем на библиотечното работење и бази на податоци на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола.

16.ноември 2022.г

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post