Денови на COBISS во Република Северна Македонија
Во организација на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ,НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Институт за информациски науки – ИЗУМ – Словенија во Скопје и Битола се одржаа повеќе презентации за најновите трендови поврзани со автоматизација на библиотечното работење преку програмата COBISS.
На настанот беа присутни директорот на ИЗУМ од Марибор (Р.Словенија) др. Алеш Бошњак со колегите Бранко Курњек и м-р Давар Брачко, као и директор на Национална и Универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина од Сарајево и претседател на COBISS.NET др. Исмет Овчина.
Презентирани беа темите од развојот на COBISS во Македонија и најновите решенија во библиотечното работење од COBISS, како што се набавка на библиотечниот материјал, взаемна каталогизација со нормативната контрола и воспоставување на базата CONOR.MK,E-CRIS.MK, Тезаурус и неговата примена, можности на сегментот COBISS/Позајмица, dCOBISS и Unpaywall, решенија за електронски попис на основни средств, решенија за автоматизација на библиотеките базирани на RFID и COBISS ILS итеграција од Сенсор Скопје.
На Конференцијата од НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола со тема „COBISS искуства – факултетските библиотеки во системот“ со својата презентација учествуваше програмски раководител м-р Јелена Петровска.
15-16.11.2022.г. Скопје – Битола
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post