Од 26 до 28 октомври 2022 година, нашите колеги библиотекарки Јелена Петровска, Вера Марковска и Смиља Најденова присуствуваа на саемот на книга во Белград, Р.Србија заедно со колеги од други библиотеки од Р.С.Македонија.

Имаа прилика и можност да се запознаат со многу автори на книги и издавачки куќи.

Исто така ја посетија и Народната библиотека во Белград, Р.Србија. Имаа можност да се запознат со многу колеги, разменија искуство и се договорија за понатамошна соработка.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link