По повод месецот на книгата и училишните библиотеки, месец октомври, учениците од одделенска настава од ООУ „Трифун Пановски“ – Битола и учениците од подрачните училишта во Трново и Дихово денес ја посетија НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. На нивно големо задоволство тие имаа можност да се запознаат со писателката Гордана Такец, на која и поставија безброј прашања за нејзините почетоци во водите на творењето, колку книги има напишано, нејзина омилена книга итн. Писателката им одговори на сите поставени прашања и се потруди да ги мотивира овие дечиња да почнат да читаат повеќе книги, да пишуваат и да творат.

Потоа сите заедно можевме да ги слушнеме прекрасните презентациите посветени на книгата и нејзиното значење, кои ни ги подготвија учениците заедно со своите наставнички Снежана Петковска, Валентин Талевска, Бистра Костовска, Ленче Илиевска, Тања Николовска и образовниот асистент Елена Петреска.

„Букварот е најважната книга! Ако не го прочиташ не можеш да прочиташ ни една друга книга!“

Денес на настанот присуствуваа и директорката на ООУ „Трифун Пановски“ – Битола Лилјана Николова, Теодора Трифуновска- психолог и Мери Атанасовска -педагог. Во име на ООУ„Трифун Паносвски“ – Битола директорката и врачи благодарница на писателката Гордана Такец за целата досегашна и идна соработка.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link