По повод Месецот на книгата и училишните библиотеки во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола одржа работилница за одржување на книжниот фонд во нашата библиотека. На оваа работилница учествуваа учениците од втора и трета година графичка струка, графички техничари од СОУ “Таки Даскало” – Битола заедно со своите професорки Весна Мундишевска-Велјановска, Валентина Ристеска, Катерина Спасовска Маурдева, Мери Цицковска и Снежана Паскова.

Учениците имаа можност да ја видат нашата библиотека и да се запознаат со одделите во кои работат библиотекарите. Како графички техничари тие имаа можност практично да видат како работи одделот за реставрација на книги во нашата библиотека. Помошник библиотекар Јулијана Христовска Кулевска од одделот за заштита и репрографија на книгата им покажа како се реставрираат книги со тврд и мек повез и како се прави корекции доколку книгата е оштетена.

Учениците покажаа големо знаење и цело време поставуваа и одговараа на прашања поврзани со заштитата на книжниот фонд.

Повеќе фотографии на NUUB Facebook