НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола претставуван од програмскиот раководител м-р Јелена Петровска, библиотекар советник воспостави прелиминарна соработка со Народна библиотека „Вук Караџиќ” од Крагуевац.

На средбата со директорот на институцијата Мирко Демиќ, кој е истакнат писател и уредник на повеќе книжевни списанија во Србија и добитник на престижните книжевни награди е договорена идната соработка во областа на библиотечните програми и во списанието „Крагуевачко читалиште“.

Разгледани се можности за гостување на изложбата посветена на случувањата од првата светска војна насловена „Болница Стобарт, Крагуевац 1915 (Bolnica Stobart, Kragujevac 1915“).

Изложбата е дел од проектот кој е создаден врз основа на писмени и материјални сведоштва на директни сведоци на настаните зад фронтот на Големата војна – учесници во британската хуманитарна мисија предводена од Мејбел Стобарт, болница за ранети во Крагуевац во 1915 година.

Директорите на двете библиотеки ќе потпишат меморандум за соработка, а библиотеките ќе имаат прилика во иднина да разменуваат библиотечната граѓа и искуства во работата и анимирање на корисниците.

Крагуевац, 8 октомври 2022 год.