Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола на ден 12.10.2022 (среда) во сала за промоции на прв спрат, ќе се одржи Вториот Собир на факултетските библиотекари од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на тема – Библиотечната дејност на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Собирот ќе биде отворен со воведно предавање на еминентен гостин од библиотеката „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија, библиотекар советник Драгана Типсаревиќ. На Собирот ќе бидат присутни библиотекари од училишните библиотеки , а предавањето е отворено и за сите заинтересирани.
Драгана Типсаревиќ, е библиотекар консултант, советник и долгогодишен директор на Библиотеката „Стефан Првовенчани“ од Краљево, таа е добитник на сите престижни награди од областа на библиотечното работење во Р.Србија за имплементација и реализација на значајни библиотечни програми во државата и пошироко, какао и за реконструкција на зградата на Библиотеката од Краљево. За своите заслуги е носител на Националната награда во областа на библиотекарство во Р. Србија.
Библиотекарите од факултетските библиотеки ќе имаат прилика да разменат искуства и да работат на примена на стратегија за развој на библиотечната дејност на Универзитетот во Битола.