На ден 29. 09.2022 година се одржа 17-тата „Роднокрајна средба со битолските писатели“ на која присуствуваа: Елизабета Јончиќ, Добре Тодоровски, Љубе Митрејчевски, Сања Видановска-Мучкајева, Михајло Свидерски, Славица Свидерски, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски и Милица Димитријовска-Радевска.
Оваа година средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и ОСМУ„Д-р Јован Калаузи“ – Битола и останати гости.
Средбата ја отвори директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости и се заблагодари на библиотекарот советник во пензија Николче Велјановски за досегашното негово ангажирање во организирање на роднокрајните средби. А на новиот координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и посака успешна работа.
На средбата присутните имаа можност да слушнат нови дела на битолските писатели и да им постават низа прашања.
На оваа средба се разговараше и за воведување на наградата „Роднокраен автор на годината“ во неколку категории како и за критериумите за добивање на наградата.