Девојката ангел – Ен Мари Бриар

Викторија е сираче кое живее кај својот угледен и богат вујко. Таа е третирана како рамноправен член на неговото семејство и воспитана да биде дама, која по никој основ не смее да го наруши угледот на семејството.
Кога таа запознава убав и амбициозен доктор, тој ја води кај семејство кое живее во беда и сиромаштија. Викторија прави сè што може да му помогне на ова семејство и се спријателува со сиромашни жени и деца. Нејзиното семејство е згрозено од нејзината емпатија кон сиромашните и кога нејзиниот вујко ненадејно умира, таа е исфрлена на улица.
Скршена од болка бега во сиромашниот кварт и започнува нов живот во свет во кој од секој агол демне опасност… Дали Викторија повторно ќе го врати животот кој некогаш го живееше и ќе му го подари срцето на убавиот доктор, или пак ќе ѝ се вратат духовите од минатото за да ѝ одземат сè за што таа толку напорно се трудеше?
Моќна викторијанска приказна за љубовта која триумфира и трансформира.

Cobiss link

Информации

Објавено на

06/07/2022