Книгата е пишан медиум кој изобилува со информации. Секоја книга има предговор, поговор, може да е во делови или томови итн.
Се за книгата и уште многу податоци за неа, научија учениците од VI одд. од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола кои со својата наставничка по македонски јазик Александра Упале ја посетија Библиотеката.
Исто така учениците имаа можност да ја разгледаат библиотеката, да ги посетат магацинските простории, роднокрајната збирка, читалните, периодика и музејот.
Книгата е долг тунел на знаење во кој колку подлабоко влегуваме толку повеќе ни се буди љубопитноста.