Една од најубавите приказни од детството е приказната за „Девојчето со кибритчињата“, прекрасно дело на Ханс Кристијан Андерсен. Секогаш успева да ни ги насолзи очите, да нè потсети за значајните работи во животот, да нè врати во детството и училишните клупи кога уживавме во убавите сказни. Наша желба е да си ја сочуваме оваа преубава приказна за да може да си ја прочитате во секое време… „Девојчето со кибритчињата“ го задржа вниманието на учениците од II в одделението од ОУ „Даме Груев“ – Битола. Наставничката Гордана Јанкуловска им го задржа вниманието на учениците со помош на повеќе техники од јазична писменост и секако неизбежните илустрации.

Facebook link