„Секое време си носело норми на облекување и разни стилови. Но, што со шамијата кај жените? Веројатно и таа датира одамна. Гледано преку религијата, модата, уверувањата…направена од волна, свила, кашмир, се носела за добри и лоши моменти…“ извадок од говорот на Светлана Папачек По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Организацијата на жени на Општина Битола и НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола на 4 март ги доделија наградите за краток расказ на тема „Шамијата како обележје на македонската жена низ историјата“. Тричлената комисија составена од м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски-претседател, Светлана Папачек- член и Илче Стојановски-член, од 28 пристигнати кратки раскази, едногласно ги доделија следниве награди:

Категорија ученици:

Прво место – Анастасија Малевска од Стуга

Второ место – Михаела Марковска од Мусинци

Трето место – Офелија Настеска од Прилеп

Категорија возрасни:

Прво место – Сабахета Ета Мерсими од Житоше

Второ место – Емилија Каранфилоска од Охрид

Трето место – Весна Шереметкоска од Прилеп

Сите наградени ученици покрај наградите од Здружението на жени, добија и парична награда од Општина Битола.

Facebook линк од настанот