Во месецот посветен на љубовта, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола реализира работилница со учениците од СОУ „Таки Даскалот“- Битола на ден 08.02.2022 г. На оваа работилница учество зедоа учениците од прва до четврта година од графичката струка, сите профили.
Тие уживаа во изборот на мислите за љубовта, кои потоа компјутерски ги поставивме на картончиња во боја. Во вториот дел од работилницата, заедно со библиотекар од нашата Библиотека преминаа кон изработката на тефтерчиња. Процесот на изработка на тефтерче и не е така едноставен. Неколку групи од ученици имаа поделени задачи. Едни сечеа, други ги шиеја со жица низ превојот со рачна кламерица (хефт-машина), а други ученици ја завршија постапката на тој начин што секое тефтерче беше обрежано на нож за сечење што го имаат во графичкиот кабинет. Работата со овој нож бара преголемо внимание и концентрација.
Една голема благодарност до менторите Весна- Мундишевска Велјановски и Катерина Спасовска – Маурдева, кои секогаш се отворени за соработка и секој краен производ изгледа прекрасно.
Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook