Во чест на 90 години од раѓањето на писателката Оливера Николова, во ООУ „Даме Груев“ – Битола се одржа работилница со учениците од шесто одделение.

Преку оваа активност, учениците имаа можност да слушнат и да разговараат за животот и творештвото на Оливера Николова, да се запознаат со нејзините најпознати дела и со нејзиниот значаен придонес во македонската литература.

Преку оваа активност, учениците се запознаа со богатото книжевно наследство на Оливера Николова и ја почувствуваа важноста на нејзиниот значаен придонес во македонската литература. Работилницата придонесе за поттикнување на љубовта кон книгата и читањето, како и за поголема заинтересираност за македонските автори.

Упатуваме искрена благодарност до ООУ „Даме Груев“ – Битола и директорката Биљана Дамчевска-Бакиевска за соработката и можноста заеднички да ја реализираме оваа активност.

ОУ “Даме Груев” – Битола

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook