Денес во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа свеченото доделување на наградите од литературниот конкурс „Светлината на буквите“, организиран по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.
Настанот е дел од проектот „Одбележување на значајни личности и настани“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
Со особена радост ги наградивме учениците кои преку своите поетски и прозни творби покажаа креативност, талент, љубов кон македонскиот јазик и моќта на пишаниот збор. Конкурсот уште еднаш потврди дека меѓу младите има многу талентирани автори кои умеат своите мисли, чувства и идеи да ги преточат во прекрасни литературни дела.
Наградени ученици во категоријата Поезија
Прво место

  • Галена Дамјановски – ООУ „Стив Наумов“, ментор Ана Динковска-Божиновска
  • Ана Бучуковска – ООУ „Коле Канински“, ментор Наташа Лозановска
  • Магдалена Јанкулоска – ООУ „Коле Канински“, ментор Наташа Лозановска
  • Илина Силјановска – ООУ „Гоце Делчев“, ментор Емилија Прчкова
    Второ место
  • Ирина Спировска – ООУ „Елпида Караманди“, ментор Сузана Петковска
  • Николај Ивановски – ООУ „Стив Наумов“, ментор Ана Динковска-Божиновска
  • Стефан Шарковски – ООУ „Елпида Караманди“, ментор Александар Адамовски
    Трето место
  • Илијана Страчковски – ООУ „Тодор Ангелевски“, ментор Андријана Ѓоргиев
  • Јана Ѓоргиев – ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Елена Угарчева
    Наградени ученици во категоријата Проза
    Прво место
  • Магдалена Житошанска – ООУ „Гоце Делчев“, ментор Катерина Николовска
  • Илијан Унчевски – ООУ „Стив Наумов“, ментор Ана Динковска-Божиновска
  • Давид Трајковски – ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Оливера Илиевска
  • Јана Лазаревска – ООУ „Гоце Делчев“, ментор Емилија Прчкова
  • Бојана Љамчевска – ООУ „Гоце Делчев“, ментор Емилија Прчкова
    Второ место
  • Мартина Јошевска – ООУ „Стив Наумов“, ментор Ана Динковска-Божиновска
    Трето место
  • Михаил Веловски – ООУ „Елпида Караманди“, Подрачно училиште во с. Цапари, ментор Александар Адамовски
  • Меланија Бејковска – ООУ „Даме Груев“, ментор Александра Лазаревска
    Посебна благодарност до сите ментори.
    Зад секој награден ученик стои наставник кој охрабрува, насочува и верува во неговиот талент. Искрено им благодариме на сите ментори кои ја поддржаа реализацијата на конкурсот и придонесоа младите да ја откријат и развиваат својата креативност:
    • Ана Динковска-Божиновска
    • Нурџан Тефику
    • Катерина Николовска
    • Катерина Ковачевска
    • Ленче Богоевска
    • Сузана Петковска
    • Наташа Лозановска
    • Александар Адамовски
    • Оливера Илиевска
    • Андријана Ѓоргиев
    • Елена Угарчева
    • Емилија Прчкова
    • Александра Лазаревска

Благодарност и до сите ученици кои учествуваа на конкурсот, како и до нивните родители и наставници кои секојдневно ја поттикнуваат љубовта кон книгата, читањето и творештвото.
Денес заедно покажавме дека буквите имаат моќ – да инспирираат, да поврзуваат и да оставаат трага. Веруваме дека меѓу овие млади автори се идните поети, писатели, новинари, професори и чувари на македонскиот јазик и културно наследство.
Честитки до сите наградени ученици, до нивните ментори и до сите учесници кои ја направија оваа манифестација вистински празник на литературата.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook