Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, познатата битолска писателка Гордана Такец, го одбележа своето скоро шест децениско творење. Пред присутните гости се обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска- Давкова, која воедно беше и промотор на книгите започнувајќи го својот говор со зборовите: „Навистина сум почестена од госпоѓата Гордана Такец што ме избра мене за промотор на нејзините дела чиешто творештво оваа година полни 55 години. Нејзините писателски творби успешно ја продолжиле мисијата на татко ѝ и го оствариле неговиот аманет да создава за себе и за него на полето на пишаниот збор, сликарството и креативноста, воопшто! Јас и посакувам уште многу нови прозни дела и стихови , а со тоа и нови големи признанија и награди, да биде инспирација за нас и за целиот свет околу нас!“.
На настанот, промоторот Стефановска Давкова зборуваше за делата „Балканот е валкан“ ,„Како го преживеав Виетнам“, „Јасмин“, „Руски Рулет“, „Нашите испуштени нешта“ и „Јас сум Такец“ како и за значењето на пишаниот збор за библиотеката.
Пред присутните гости се обрати и писателката која зборуваше за нејзиното творештво низ годините и создавањето на сите овие нејзини дела и со својата неуморност да ги сплотува и помага на младите творци, но и преку нејзината фондација „Такец“ да ги сплотува сите поети од нашиов регион.
Овој настан беше обогатен со музичките точки на почитуваниот Славчо Спировски – Слав, со нови дела и извадоци од книги.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook