Македонија е лулка на словенската писменост и култура, а спомените во ракопис, создавани од IX до XVII век, се најдрагоцените извори за проучување на македонската и општословенска книжевна историја, црковност, јазик и култура. Тие ракописи се плод и дело на нашите просветители.
За еден народ да биде народ и да може да постои во вистинска смисла на зборот, мора да си ја зачува пишаната историја и таа да се пренесува низ поколенијата кои доаѓаат. Ваква авангардна личност кој со својата мудрост започнува да ја испишува старата сесловенска книжевност е првиот македонски учител, светец и добротвор Климент, кој во себе го носел стремежот да го поучи својот народ.
Во негова чест и спомен нашата библиотека беше посетена од СОЕУ „Јане Сандански” – Битола, кои се запознаа со секој оддел во неа, читаа во чест на нашиот патрон, се запознаа со начинот на издавање на книги и станаа наши читатели. Благодарност до професорката Христина Зариевска која во пресрет на нашиот патронат ќе го објави видеото снимено во нашата библиотека.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook