Денеска го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право!
На 23 април 2024 година, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошки факултет – Битола го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право, со заеднички настан!
Целта ни беше да го одбележиме и прославиме Светскиот ден на книгата и авторските права, поддршка на книжевноста и читањето и подигање на свеста за значењето на културата и авторските права
На почетокот на настанот се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски кој на почетокот ги поздрави сите присутни и се заблагодари на присутните и за дадената чест сите заедно да го прославиме Светскиот ден на книгата и авторското право. Со славењето на книгите ние ги славиме пишувањето, читањето, со кои човекот се издигнува и се реализира, впрочем ја славиме слободата која ние ни ја овозможуваат. Нашата мисија останува да покаже колку се важни книгите и колку е прекрасна и убава работа да се биде библиотекар и да се препорачува на луѓето што да читаат.
Потоа следеше читање на македонската порака и порака од УНЕСКО од проф. д-р Daniela Andonovska Trajkovska и проф. д-р Биљана Цветкова Димов.
Читање на поезија од студентите на Педагошкиот факултет – Битола. Им благодариме на следниве студенти кои читаа и уживавме: Марија Петровска, Игор Стојановски, Наталија Василеска, Михаела Вељаноска, Христина Микулек, Елена Чатлеска, Фросина Пројческа, Ана Анастасова, Стојанка Ќупчева, Ивана Христова и Ангела Павловска.
На крај на настанот директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски и доцент д-р Јосиф Петровски на присутните им поделија по еден цвет од цвеќарата Green Garden Centar & Rasadnik (Ви благодариме).
Светскиот ден на книгата и авторското право е прекрасна прилика за сите нас да ја прославиме силата на писменоста, креативноста и значењето на книгите во нашите животи.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook