4 Февруари – Светски ден за борба против ракот. Светскиoт ден за борба против ракот е единствена иницијатива која го обединува целиот свет со една цел – борба против глобалната епидемија на рак. Овој ден е потсетник дека борбата со ракот не е само здравствен проблем, туку глобално значајно прашање на рамноправност.

Секој 4 февруари се обележува со цел да се спасат милиони животи преку подигање на свеста за ракот, поттикнување превенција, рано откривање и соодветен третман, но и мотивирање владините субјекти и индивидуалците ширум светот да преземат акција во борбата против ракот. Светскиот ден за борба против ракот бил основан од Унијата за меѓународната контрола на ракот (UICC) за да ги поддржи целите на Светската Декларација за ракот, од 2008 година.

Примарната цел на Светскиот ден за борба против ракот е значително да ги намали случаите на рак и смртни случаи предизвикани од ракот како и подобрување на квалитетот на живот за заболените од рак и зголемување на бројот на преживеани пациенти. Светскиот ден на ракот има за цел да спречи милиони смртни случаи секоја година преку подигање на свеста и едукација за канцерот со влијание врз владите и поединците ширум светот да преземат акција против оваа болест.