Вчера (26.07.2023 година) во просториите на Библиотеката во рамки на Школата за атопија се одржа предавање од страна на нашите почитувани докторки Анета Тасевска – спец. дерматовенеролог, д-р Маргарита Камбовска, спец.педијатар и Александра Николовска, нутриционист, во организација на аптеката Роса Вита и Bioderma.

Во преполнетата сала, присутните имаа можност да слушнат за што е атописки дерматит?

Атопичен дерматит е честа и хронична, пруритична воспалителна состојба на кожата која може да влијае на сите возрасни групи. Зборот дерматит означува воспаление на кожата.

Атописки се однесува на група на болести кои се наследуваат (кои се пренесуваат фамилијарно) и често се појавуваат и други болести вклучувајки ја астмата, атопискиот дерматит и алергиски ринит. Во најголем број на случаи постојат периоди кога болеста се влошува така наречена егзацербација на состојбата, но постојат и периоди кога таа се повлекува и е во фаза на ремисија. Во најраната возраст се работи за алергија на храна.

Супстанциите кои предизвикуваат алергиска реакција се нарекуваат алергени и тоа алергени од храна: кравјо млеко, јајце, јаткасти плодови кикирики, бадеми, лешници, ореви, цитрусни овошја, полени, домашна прашина, мувла и животински влакна.

Кои се фактори на ризик?

Атопискиот дерматит се појавува кај 2 % од вкупната популација. При изложување на средства кои надразнуваат (детергенти, прашоци, сапуни) може да дојде до влошување на симптомите, како и при постојано изложување со вода, температурни промени и стрес.

Kај атопискиот дерматит важен фактор е присуството на јадеж, бидејки чешањето ја влошува состојбата на кожата. Начинот кој атопискиот дерматит влијае на кожата може да се разликува по различниот начин на јадеж и по појавата на одредени кожни инфекции. Некои луѓе имаат и црвенило на кожата, што значи дека имунолошкиот систем на кожата е активиран. Кај другите се појавува лихенификација како резултат на поголем јадеж и триење на кожата при што се отвараат рани и се појавуваат инфекции. Атопискиот дерматит може да ја зафати кожата околу очите и очните капаци. Кожата кај лицата со атопискиот дерматит ја губат водата од епидермалниот површен слој, поради што таа постанува премногу сува, а одбранбената состојба се намалува. Поради ова кожата е чувствителна на инфекции како стафилококи и стрептококни бактериски инфекции, вируси.

Друго име карактеристично за оваа болест е екцема, но овој термин кај народот почесто е асоциран со појава на истите симптоми по рацете. Во повеќе од 90% првите симптоми настануваат во првата година од животот, а кај 75% до третата година од животот.

Како се манифестира?

Атопискиот дерматит се манифестира поинаку кај новородени, кај деца и возрасни. Кај новороденчињата започнува во првите 3 месеци по раѓањето и се карактеризира со појава на суви зони по кожата на скалпот, челото, лицето како и внатрешните (флексорните) страни на горните и долните екстремитети.

Причини за настанување

Причините за настанување на атопискиот дерматитис не се целосно познати, но во основа се поврзуваат со задоцнетиот развој на имунолошкиот систем.

Во основата на атопискиот дерматитис е сува кожа, што е резултат на пореметување во метаболизмот на полинезаситена масна киселина – Линоленска киселина што доведува до нарушена кожна бариера.

Кожата е сува и доведува до навлегување на бактерии и алергени во неа и станува задебелена и испукана, по што се јавуваат и меурчиња кои влажат, а се создаваат и красти локализирани во подрачјето на вратот, колената и лактите. Упорното чешање ги прави децата нервозни и раздразливи.

Терапија

Во терапијата треба да се едуцираат пациентите за одбегнување на гребење и чешање, која е и најважна контролна мерка. Треба да се избегнува прегревање, носење волнена облека, состојби на интензивно потење, често капење и употреба на сапуни. Користа на диетата е исто така ефективна посебно во малата детска возраст. Посебна едукација за заштита е потребна за инфекции или рецидиви на бактериски или вирусни инфекции.

Третманот на атопискиот дерматитис подразбира пронаоѓање и отстранување на алергенот, но и на тригер факторите кои го провоцирале неговото појавување. Во локалното лекување во зависност од моменталната фаза на болеста треба да се применуваат емолиенти, кортикостероидни кремови, емулзии кои зависно од секундарните компликации се комбинираат со антибиотици. Локалната употреба на калцинеуринските инхибитори доведува до намалување на воспалението. Овие лекови се безбедна алтернатива на глукокортикоиди.

Превенција

Специфична превенција не постои, но, мора да се спречи јадежот и триењето, да се заштити кожата од претерана влага и надразнителни супстанции, да се задржи постојаната температура и постојан степен на влажност, да се ограничи и изложувањето на прашина, чад од цигари, пестициди и животински влакна, и препознавање и ограничување на емотивен стрес.

И за храната како важен фактор.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook