На 3 Меѓународна научна конференција на библиотекари „Библиотеките како ризница на движното културно наследство“ која се одржа во Охрид на 27 и 28 април, учество зедоа и библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Со свои трудови на конференцијата се претставија виш библиотекар докторанд Фатма Бајрам Аземовска на тема „ГОРДОСТ 1- Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлајн речник“ и библиотекар м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски на тема „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“. Програмски раководител м-р Јелена Петровска на оваа конференција беше модератор на пленарната сесија на која излагања имаа интернционалните гости на Конференцијата и беше промотор и рецензент на публикацијата „Упатство за нормативна контрола на лични имиња на автори“ од авторките Јелисавета Костадинова и Валентина Дојчиновска-Илиоска.
Библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола имаа можност да слушнат голем број на излагања од домашни и странски излагачи и да разменат искуства во неформалниот дел.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook