НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа 26 февруари – Светскиот ден на раскажување бајки, преку драматизација на бајката „И ликовите од бајките читаат книги“ која ни ја претставија учениците од второ одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола под менторство на наставничката Марина Станковска, автор на драмата.

Нашите денешни актери оваа прекрасна бајка ја раскажаа пред учениците од прво одделение од ООУ „Гоце Делчев“ и децата од „Малиот принц“ кои со своите наставнички беа публика на овој настан.

Учениците преку драматизација ни ги оживеаја ликовите од бајките и ни ја покажаа важноста и моќта на оние кои читаат книги и бајки.

„Сите одат во библиотека! Секој може да биде член од најмали до најголеми!“ беа дел од пораките кои ни ги пренесоа.

На големо задоволство во публиката гости беа директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски, директорката на ООУ „Коле Канински“, Дијана Христовска, педагог Светлана Глигоровска и специјален едукатор и рехабилитатор Елена Нојкова – Видановска.

Сите заедно уживавме во прекрасната претстава.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook